471
Делегација на СДСМ предводена од Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија во рамки на државното одбележување на празникот Илинден, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
Во состав на делегацијата на СДСМ беа и Максим Димитриевски, пратеник во Собранието на Република Македонија, Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово и Атина Мургашанаска од Форум на жени на СДСМ – Куманово.