747
Ситуацијата е крајно сериозна, тактизирањето во врска со донесувањето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести од страна на опозицијата е несфатливо и за нас и за граѓаните, истакна потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири на ТВ 24. Тој нагласи дека Законот не се носи за СДСМ или за ВМРО ДПМНЕ, туку, како што рече, за превенција од заразата.
-Не е време за политички хирови, ниту за профитирање преку ситни политички поени, крајно време е да се донесе законот. Во меѓувреме има нови препораки за носење заштитни маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и ограничување на бројот на домашни гости, амандманите се изготвени од СДСМ да бидат составен дел на законот – рече Зеќири.