Зеќири: Напаѓачите ме бараа и мене извикувајќи го моето име

by Fokus

Мухамед Зеќири, кој денеска сведочи на судењето за обидот за убиство на пратеникот од Алијансата за Албанците, Зијадин Села на прашање на одбраната рече дека освен Села и другите пратеници биле цел на нападите, меѓу кои и тој.

-Ме бараа со име и презиме, а јас во кабината два бев со уште 4 колешки. Во еден момент дојдоа до вратата, но не можеа да ја отворат бидејќи ставивме стол со кој ја заглавивме, рече Зеќири.

Тој додаде дека Павле Богоевски бил нападнат, бидејќи и тој бил кај галеријата, но не успеал да се засолни.

Зеќири појасни дека слушнал како толпата вика: Каде е Мухамед Зеќири, каде е Мухи?

В.В.

Поврзани новости