Автомобил удри во канделабра, повредена 24-годишна девојка

by fokus

Сопатничка на возраст од 24 години била повредена вчера во Кавадарци, кога автомобил удрил во канделабра. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска информираше дека сообраќајната несреќа се случила на “Западен булевар“.

– Се работи за патнички автомобил марка „фолксфаген голф“ со кавадаречки регистарски таблици управуван од Б.П.(23) од Кавадарци. Во незгодата била повредена сопатничката Е.П.(24) од овој град. Лекарска помош и била укажана во ЈЗУ Општа Болница – Кавадарци, појасни Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица – Кавадарци.

Поврзани новости