Зекири: Мицкоски нема да избега од волјата на граѓаните

by fokus

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, пред денешната собраниска седница порача дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нема да избега од волјата на граѓаните. Тој напиша и дека амнестија нема да има, спротивно од говорот на премиерот, Зоран Заев, кој денеска од собраниската говорница понуди простување за настаните од 27 април.

„Мицкоски нема да може да избега од волјата на граѓаните. Амнестија нема да има!!!
Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО!!!
Доколку ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжат со деструктивното однесување, единствен излез се предвремени избори организирани веднаш на кои граѓаните ќе одлучат за иднината во ЕУ и НАТО“, напиша Зекири.

 

Поврзани новости