694
Основниот граѓански суд Скопје ја усвои тужбата на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири против новинарот Зоран Божиновски од Куманово за клевета. Новинарот ќе треба да плати 100 илјади денари, а тие пари ќе бидат искористени за борба против лажни вести.
„Станува збор за текст кој беше објавен минатата година и бев напаѓан и клеветен од новинарот Зоран Божиновски. Судскиот случај го добив и тие 100 илјади денари ќе ги донирам во новинарските здруженија за борба против лажните вести. Такво нешто навистина не ни е потребно“, ни изјави Зекири.
Ј.Ц.