Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири испрати повторно порака до ракометниот репрезентативец, Стојанче Стоилов, овој пат поради мечот во мал фудбал кој се одигра вчера меѓу Македонија и Албанија (3-2), во кој трите погодоци за победа ги дадоа македонски Албанци.
Притоа Стоилов беше помеѓу гледачите на трибините во „СЦ Јане Сандански“ и од фоторепортерите беше фатен како се радува.
„Кажете му на Стоилов нека се радува и нека учи како се сака спортот и Македонија.
Трите гола против Албанија за победа од 3:2 ги постигнаа Албанци од Македонија.
П.С. Пак нека изигрува патриот и нека станува од манифестации кога се зборува на албански“, пишува Зекири.
Кажете му на Стоилов нека се радува и нека учи како се сака спортот и Македонија.Трите гола против Албанија за победа…
Publiée par Muhamed Zekiri sur Dimanche 3 février 2019