СДСМ: Измами и изборни манипулации се симбол на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, но знаат дека ги чека пораз на избори

by fokus

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во паника од успехот на Македонија и членството во НАТО. Македонија седнува на своето столче во НАТО, Мицкоски стравува за своето опозициско столче во ВМРО ДПМНЕ, велат од СДСМ.

„ВМРО ДПМНЕ знае дека ги чека пораз на избори, знаат дека немаат поддршка кај граѓаните, освен деструкција и блокади, не нудат ништо добро за државата и нејзините граѓани.

Затоа ВМРО ДПМНЕ бара алиби за извесниот изборен пораз во нереални и измислени причини.

Измамите, изборните манипулации, злоупотребата на институциите пред избори се симбол на криминалното вледеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат и бројните судски предмети за изборни нерегуларности што се водат против нив пред надлежните судови.

Наместо очајнички да бара алиби преку измислици, Мицкоски и антизападното раководството на ВМРО ДПМНЕ во белиот дворец нека се подготват за пораз на какви било избори кои ќе бидат фер, слободни и демократски“, додаваат од владејачката партија.

Поврзани новости