92
Мухамед Зеќири – екс генералниот секретар на Владата рече дека две и полгодишната затворска казна е неоснована и дека тој преку адвокатскиот тим ќе ја обжали одлуката.
Рече дека во целиот процес не се докажала негова умисла за склучување на договорите.
„Јас само сум спровел умисла на други, односно на Владата, кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи“, рече Зеќири.
Тој се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.