Зекири и Димовски се согласија дека „чистите“ вработени од СЈО не треба да бидат оставени на улица

by fokus

Мухамед Зекири од СДСМ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебата на ТВ 24 се согласија дека за оние вработени од СЈО кои не се вработени со непотизам и не се дел од евентуални злоупотреби како „Рекет“ треба да се најде решение за нивно прераспоредување.

Според Мухамед Зекири, сега имаме нова ситуација со непотизам во СЈО, но сите кои биле регуларно вработени не треба да бидат оставени на улица.

Димовски се согласи и рече дека преку постапка во Собрание треба да се отстрани сомнежот од оние кои се „чисти“ и за нив да се најде решение.

-Мслам дека треба постапка во Собрание за да се отстрани сомнежот за дел од вработените дека учествувале во дел од предмети кои биле злоупотребувани и дека биле вработени со непотизам. Оние кои дошле од друга институција во СЈО, треба да си се вратат на старите работни места, оние кои првпат се вработиле треба да ја поминат таа постапка, рече Димовски.

 

Поврзани новости