Шилегов: Рекорд ќе стане пешачка зона

by fokus

Скопје ослободен од сообраќај по урнекот на светските метрополи. Ваква е најавата на одбележувањето на Европската недела на мобилност, во чии рамки попладнево улицата кај Рекорд е претворена во пешачка зона, планот е за две години овде да не поминуваат автомобили и ова да стане пешачка зона, вели Шилегов за „Канал 5“.

-Ќе има еден убав плочник каде граѓаните ќе може слободно да се движат. Сакаме да демонстрираме како ќе изгледа една улица каде сме на викнати на сирени, метеш и сообраќај да биде тивко- рече Шилегов.

Се планира да се пренасочи сообраќајот позади Собрание, но на планот се уште се работи, а се планира и да се рашири зеленилото кај „Жена парк“.

-На година ипол од сега, можеби во Скопје нема да ви биде потребен автомобил за да се движите низ градот.И сега не е потребен, бидејќи анализите покажуваат дека просечен граѓанин поминува 2 до 3 километра со автомобил што многу побрзо и едноставно да се постигне пешки, со велосипед или тротинет, како што користам јас и стигнувам многу побро- рече Шилегов.

Поврзани новости