Зекири: Директори на комунални претпријатија имаат повеќе привилегии од пратениците

by Фокус

Ние пратениците секогаш сме на тапет затоа што граѓаните мислат дека имаме кој знае какви привилегии, изјави потпретседателот на СДСМ и републички пратеник Мухамед Зекири во емисијата Детектор.

– Верувајте – пратениците се како боксерска вреќа. Пратениците се криви за се. И секогаш ние сме на тапет буквално затоа што мислат и граѓаните и сите дека ние имаме којзнае какви привилегии и дека ние имаме магично стапче се да им решиме на граѓаните. Верувајте и обични директори на претпријатија, локални комунални, имаат повеќе привилегии од пратениците – вели Зекири.

Поврзани новости