Русија до САД: Со наша поддршка, сириската влада ја порази Исламска држава уште во 2018 година

by Фокус

Руското Министерство за одбрана го демантира американскиот претседател Доналд Трамп дека Русите им го отвориле воздушниот простор што го контролираат над Сирија за време на акцијата за ликвидација на водачот на Исламска држава ал-Багдади.

– Не знаеме ништо за каква било помош на американските авиони во воздушниот простор на Идлиб за целите на операцијата – рече портпаролот на Министерството Игор Конашенков.

Тој истакна дека Исламска држава била поразена од страна на силите на сириската Влада и со поддршка на руските воздушни сили на почетокот на 2018 година.

-Уште една смрт на Абу Бакр ал-Багдади нема да има влијание ниту на ситуацијата во Сирија, ниту на акциите на терористите кои останаа во Идлиб – констатираше Конашенков.

Поврзани новости