504
Ние пратениците секогаш сме на тапет затоа што граѓаните мислат дека имаме кој знае какви привилегии, изјави потпретседателот на СДСМ и републички пратеник Мухамед Зекири во емисијата Детектор.
– Верувајте – пратениците се како боксерска вреќа. Пратениците се криви за се. И секогаш ние сме на тапет буквално затоа што мислат и граѓаните и сите дека ние имаме којзнае какви привилегии и дека ние имаме магично стапче се да им решиме на граѓаните. Верувајте и обични директори на претпријатија, локални комунални, имаат повеќе привилегии од пратениците – вели Зекири.