1.1K
Ако се укине вонредната состојба, треба да го почитуваме Законот и Уставот, односно да почнат да течат 22 дена до избори, истакна потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири.
-СДСМ нема отстапено од своите позиции, но сакаме да постигнеме договор и да се подготвиме за избори. СДСМ сака брзи избори со учество на опозицијата и на сите други политички чинители и да ги поразиме – рече тој.
Според него, МВР на чело со министерот Наке Чулев свесно прекина да казнува луѓето што ги прекршуваат мерките во борбата со корона вирусот.
-Чулев свесно играше да се дозволи да нема казнување, да нема почитување на мерките и да има заразени за да ВМРО-ДПМНЕ бега од избори – нагласи Зеќири.