Меџити: Разликите меѓу СДСМ и ВМРО за изборите се бројат во денови

by Фокус

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, вечерва на Алсат рече дека разликите околу датумот за одржување на изборите помеѓу владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ се сведени на неколку денови или недели.

-Евроинтеграциите и здравјето на граѓаните се поважни, додека втората тема, околу датумот, не е голем проблем затоа што разликата е неколку дена, една недела. Дали треба да се одржат на 5 јули или на 12 јули, тоа е прашање на денови и мислам дека има капацитет со дијалог да се изнајде заедничко решение и да има слободни и демократски избори – рече Меџити.

 

Поврзани новости