702
Во средата Францускиот институт организираше гала филмска вечер со проекција на францускиот филм „ФРАНС“ (2021) во режија на познатиот француски режисер Бруно Димон.
Настанот го отвори Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, кој ја истакна одличната соработка меѓу Македонија и Франција во сите сфери, особено во областа на културата.
Настанот го посетија голем број љубители на францускиот филм, а истиот беше одржан со поддршка на компанијата Зегин која редовно и безрезервно ги поддржува проектите во организација на Францускиот институт.