Здружението на граѓани „Човекот пред сè“ на Трифун Костовски изразува безрезервна поддршка и да ја поздравува работата на СЈО, охрабрувајќи ги да продолжат на истиот пат.
– На секој самосвесен граѓанин, му беше јасно дека работата на СЈО ќе биде соочена со разни институционални и вонинституционални пречки, оспорувања и блокади од секаков вид, затоа што сите знаеме дека во прашање се лични судбини, на влијателни и моќни поединци. Затоа, го охрабруваме СЈО, одлучно и бескомпромисно да продолжи во гонење на лицата, кои се огрешиле пред правдата – велат од здружението. .
Од таму се загрижени дека една од причините за брзање кон одржување на нови избори е токму желбата да се успорат, временски ограничат или да се миинимизираат ефектите од резултатите на работата на СЈО.
– Ако дојде до повторно одложување на изборите, а со цел да се даде доволно време за исполнување на споменатите нужни предуслови, парламентарните избори би требало да се оддржат следната пролет, заедно со предвидените локални избори. На тој начин би се имало доволно време да се спроведе попис, како нужен предуслов за кредибилен избирачки список и би се овозможило доволно време за договарање и спроведување на неопходните реформи од медиумската сфера. Истовремено, цениме дека, раздвојувањето на партијата од државата, би се постигнало само преку избор на експертска влада, со широка политичка поддршка – велат од „Човекот пред сè“.