Директорот за проширување во ЕК, Даниелсон во посета на Македонија

by Фокус 10:17
10:17

Директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон денеска во Скопје ќе се сретне со лидерите на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино и со премиерот Емил Димитриев, соопшти Мисијата на ЕУ во Скопје.

Тој во Брисел вчера  имаше средба и со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, кој по средбата изјави дека станало збор за актуелната политичка состојба во земјата и за процесот на организирање и подготовка на предвремените парламентарни избори во Македонија закажани за 5 јуни.

 

- Advertising -

Поврзани новости