Здружението на судии е загрижено поради бомбата на СДСМ, ама дополнително ќе се произнеле

by Фокус

Откако, во неделата, лидерот на СДСМ Зоран Заев ја објави втората „бомба“, односно неколку прислушувани телефонски разговори, од кои, според нив, се докажува како владини функционери се мешаат во судството, односно преку телефон договараат избор на судии, а ургираат и за повлекување на одредени кривични пријави, се огласија од Здружението на судии.

„Во контекст на последните случувања и објавените аудио снимки на една од политичките партии, кои во јавноста се конотираат како директно мешање на судската власт и атакт врз независноста на судиите, Здружението на судиите на Република Македонија истакнува загриженост и смета дека е непримерно судиите да се ставаат во состојба јавно да се бранат од притисоци. Во таа насока Управниот одбор заклучи да го слушне мислењето и да ги сублимира изградените ставови на подружниците на сите судови после кое ќе следи конзинстентен став“, велат од Здружението на судии.

Поврзани новости