Од Здружението на судии на Македонија преку соопштение истакнуваат дека ги осудуваат денешните протести против судските одлуки, потенцирајќи го случајот со новинарот Томислав Кежаровски.
Управниот одбор на Здружението на судии денеска расправал по повод протестот на новинарите и граѓаните пред Апелационен суд.
„Здружението на судии на Република Македонија ги осудува протестите против судските одлуки без разлика што е загарантирано правото на протест на секој, судските одлуки единствено можат да се преиспитуваат во судска инстанца и непримерно е да се попречува работата на судовите и притоа да се користи улична демократија за промена на одлуки која и тие кои протестираат се свесни дека не можат да ги издејствуваат надвор од институционалното и во судска инстанца преиспитување на судската одлука“, се вели во соопштението.
Од Здружението велат и дека апелираат во случајот „Кежаровски“ да не се користат навреди и омаловажувања на судовите и судските одлуки.
„Ова не е прв пат, а Здружението веќе има реагирано на непримерните протести и вокабуларот на омраза што се шири на протестите“, стои во соопштението на Здружението на судии, потпишано од претседателот Николчо Николовски.