543
Ние не веруваме во менување на границите на Балканот, туку во нивното целосно исчезнување, така како што направи Европската унија, дестинацијата каде што сакаме да бидеме заедно, рече престедателот на парламентот на Албанија, Илир Мета, кој е во посета на Македонија.
– Треба да се употребат сите инструменти на повеќепланска соработка за остварување на заедничката цел влез во Европската унија – истакна Мета, кој уште додаде дека очекува мерливи резултати во спроведувањето на Рамковниот договор.