554
И покрај тоа што ветување дека ќе им биде исплатена јануарската плата, сепак, здравствените работници од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ денеска најавија дека в среда излегуваат на протест.
„Добивме ветување од директорката на Фондот дека во понеделник до крајот на работното време ќе бидат исплтени планите на Клинички. Ние тоа го почитуваме. Но, доколку не бидат исплатени платите ние во вторник ќе свикаме извршен одбор, ќе свикаме совет и ќе донесеме одлуки за понатамошни чекори. Независно, во вторник и да бидат исплатени платите, протестот во среда ќе се одржи“, вели претседателот на Синдикатот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Горан Беговиќ, пренесува Телма.