Здравствениот систем во Македонија, денешна тема во Кампот на слободата

by Фокус 10:13
10:13

Здравствениот систем во Македонија“ ќе биде денешната тема во Кампот на слободата, на 16-тиот ден од поставувањето на шаторите пред Влада.

На дискусијата ќе се обратат гинекологот Гоце Чакаровски, новинарката Менче Точи, докторот Дејан Ставриќ, поранешниот заменик-министер за здравство Владимир Лазаревик и стоматологот Менде Диневски.

- Advertisements -

Вечерта, со почеток од 20 до 22 часот е резервирана за новинарот и филмски критичар Влатко Галевски кој ќе се претстави со филмска музика. Во меѓувреме, денеска во кампот продолжуваат редовните активности и хуманитарниот базар.

Неколку стотина граѓани и активисти 16 дена кампуваат пред владиниот објект. Тие велат дека остануваат во шаторите додека сегашната Влада не си поднесе оставка и не се формира преодна Влада што ќе биде реална политичка волја на граѓаните на Македонија.

 

Поврзани новости