ВМРО-ДПМНЕ: Имотот на нашите функционери е јавно објавен

by Фокус
Целокупниот имот на сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ е јавно објавен на транспарентен начин и доследно пријавен во надлежните институции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако портпаролот на СДСМ Петре Шилегов објави нови аудио снимки, според кои, министерот за финансии Зоран Ставрески купил стан и луксузно го опремувал.
„Не може Шилегов, кој само пред дваесет дена, навредуваше храбри полицајци во Куманово, кој лично одлучувал за стотици тендери на владата на СДСМ, кој вели дека има милион евра, да ја замајува јавноста и да не го бара клучниот одговор, а тоа е како ти Заев направи богатство од 25 милиони евра. Од кај ви се парите да купувате луксузни викендици во Грција на прва линија на море во вредност од стотици илјади евра, како Шекеринска има 5 стана која сама на себе ги издава и како секој ден во шаторите доаѓате со возен парк од џипови, поршиња, корвети, мерцедеси и друг луксуз од над 2 милиони евра“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости