Здравјето е поважно од профитот, екоактивистите протестираа на „местото на злосторот“

by Fokus

Битката за Водно се уште не сме ја загубиле, овде сме и ќе продолжиме да се бориме, порачаа активистите од иницијативата „Го сакам Водно“, кои се собраа на врвот на планината.

Ги повикаа скопјани да им се придружат и самите да се уверат каква шума ќе биде уништена ако Владата не се откаже од идејата гасоводот за Тетово и Гостивар да минува по сртот на планината.

Поддршка на иницијативата и дадоа голем број граѓани кои се собраа на врвот на Водно, од каде се упатија кон „местото на злосторот“, како што го нарекуваат активистите местото каде багерите веќе уништија дел од шумата.

Поврзани новости