Екс адвокатот на Мијалков, Серјожа и Аделина со гламурозна забава во бело го најавија раѓањето на синот

by Fokus

Популарната поп пејачка Аделина Тахири и нејзиниот сопруг, адвокатот Серјожа Марков, познат во јавноста како екс адвокатот на Сашо Мијалков, и брат на Маја, сопругата на Иво Котевски, со голема забава го најавиле раѓањето на нивното прво дете, син, кое треба да се случи набргу.

Со многу гости, музичари од земјава и од Косово, идните родители славеле до раните утрински часови во угостителски комплекс во Волково, при тоа откривајќи дека синот ќе го носи името Јон. Им пеел Жаре Бербер, Васка Јанковска и многу други.

-Забавата беше неверојатна! Се беше перфектно организирано, Аделина зрачеше од среќа. Имаше богата шведска маса, морски специјалитети, се беше превкусно и декорирано со стил. Дрес кодот на забавата беше белата боја, па сите гости беа обелечни во бело. Многу убав настан во чест на Јон – ни изјавија дел од гостите, присутни на забавата.

Забавите кои се организираат пред раѓањето на бебето во светот се познати како Baby shower и се честа практика на западот. На нив се слави очекувањето на раѓањето и трансформацијата на жената во мајка. Гостите носат подароци за нероденото бебе.

Кај нас пак, повеќе се практикува повојницата, односно по раѓањето на бебето се оди на посета и се носи подарок за него.

Аделина и Серјожа се свршија лани, во декември, по една година врска. Таа е позната во земјава како македонска Бијонсе, која има многу следбеници на социјалните мрежи, каде често објавува фотографии кои изобилуваат од луксуз.

Марков пак, во 2013 година е избран за почесен конзул на Република Молдавија во Република Македонија. Бракот со популарната пејачка му е втор, и лани ја запросил на романтичен начин во Виена, Австрија.

-Во љубовта не ја мешам работата воопшто, ниту сакам да ми се меша во мојата професија, ниту сакам јас во неговата. Јас сакам многу црномурести мажи и сакам маж до мене во секоја смисла на зборот. Не сакам многу развиени мажи, не ми се допаѓаат билдери, сакам успешен и паметен маж – има изјавено Тахири уште пред повеќе години.

Вики Клинчарова

Поврзани новости