Пишува: Агим ЈОНУЗ
Кај си ма, бабичкее! Ајде бујрум у земјата у која фукарата што преку ноќ се обогатила и селските шизици што улетале у градски филм вежбаат држава. Они не дека не чуле што е тоа држава, ама тоа ти е исто како кога правиш специјалитет дома за прв пат, а за кој рецептот го читаш од „budite sef kujne u 10 minuta“! Овие две категории се „на сервис“ во актуелниов момент, зашто оние што се некако на еволутивната скала троа погоре ќутат ко онакво у свилени гаќи зашто си ја добија општествената клоца како „фира“ материјал у елитата!
ШТО Е ЕЛИТА, БЕ, МАШКО?
А бе, тоа ти е оноа, ако ти текнува имаше на времето една драма бе бабо, се викаше „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ. Ај, ме мрзи да ти објаснувам, ќе ти ја снимам драмата и ќе ти ја дам да ја гледаш. Како да ти објаснам, ако не разбираш од прва, може од трета мајка ќе разбереш! Вака! Во сите пост социјалистички земји, преку ноќ, оние кои знаеја како да ја уловат рибата у матно, ја поставија софрата онака како што им одговара за да седнат „на чело на маса‘‘ за да се види дека се „ташаци“ (извини бабе на речникот, ама твое дете сум).
И така, ташак по ташак се собра ташакаана која од масата на која они седат на чело избркаа се што е поубаво од нив, попаметно, а на оние кои останаа на маса, бабе, оние „бациракачите“ им фрлија по коска од гудето кои сами си го гнетеа. И едните среќни и другите, а третите останаа да си дробат попара со јогурт по дома оти се „неподобни“ за да седат со ташаци како нив на маса.
И така си решија дека ќе се договорат како да се договорат да напраат здрава држава, си ги поделија „тебе –мене“ улогите и станаа бесмртни. Како печурки никнаа ротаријанци, лајонси, масони, илуминати, ташаци , грашаци,… Осумдесет посто, бабе, да ги прашаш што е тоа, ќе ти речат „ќути, ти не се разбираш“, зашто ако таласаш поише може и да ти наместат дека си крива што се поремети климата, а у најмала рака дека си виновна што не успеало Крушевското востание! Бабе, ај, заеби, глеј си самопослугата и не заебаај!
ПА, НЕЛИ У НАТО, МАТО, ЕВРОПА БЕ СИНКО!
А мори бабе, не се разбираш ти у тоа, па ај онака народски да ти објаснам. Ти не знаеш што е тоа глобализација, така да ако земеме у предвид, на пример, дека си со гол газ и празен стомак, ако те чепка секој што ќе сака, ако комшијата вика дека ќе ти земе 2 метра од дворот, ако ти пцуе и име и презиме, ако вика „ти си бе никој и ништо“, тебе не ти останува ништо друго освен да се прикључиш у некоја појака фамилија за да речеш „не ми може никој ништо сега“! Е, тоа ти е она НАТО-МАТО! Ама! Биди спремна секогаш бабе да играш онака како ќе ти свират! Еднаш газот под кирија, за навек бабе,… да простиш!
…Бабичката не дека разбра до крај, ама мене ме тури у мисла, па си викам:…
Ако имаш прочитано барем 3 реда книга, ако ти работи 3 отсто од мозакот, не треба да ти се црта дека Америка е колонизирана индијанска земја. Чак не е ни индијанска, оти така ги викаме зашто Колумбо мислел дека ја открил Индија. Е, таму е создадена најсинтетичката нација која мама им ебава на сите оние „несинтетички“. Кога Америка има киселина у стомакот, пола свет има дијареја.
Треба да ви се црта кој е газда на НАТО? Ех! Наивно прашање. На Македонија не ѝ е потребно НАТО, туку ние ним! Ние немаме проблем со името, имаат Грците. Ние немаме проблем со народот на улица! ОНИ ни го создаваат. Како?! Ех, наука е тоа.
И така, таа наука не доведе во ситуација да бидеме ние оние што молат, оние што се „бациракачи“, оние кои ќе сторат се, само да се придружиме на големото семејство. Поголема историска хипокризија нити постоела, ниту ќе постои од онаа во која кога ќе ја анализираш, доаѓаш до заклучок кој вели (онака народски кажано) „ако не можеш да избегнеш силување, обиди се да уживаш во него‘‘!!!
Нема поголемо историско силеџиство од она на стари години некој да те прекрстуе! Имаш избор? Имаш, жими онакво. Комплексноста на ситуацијата вели дека Грците се најмал проблем. Нив можеме да им речеме и ‘‘ма што ве …. бе, ‘‘ ама оние од индијанските прерии преку ‘‘пријателската Европа‘‘ ти викаат дека услов да влезеш у фамилија ти е баш тоа.
Таква мастурбација неминовно води до заклучок кој вели дека изборот ти е само еден. Ако сакаш уопште да имаш држава. Или вака или никако! Е ај биди „ташаклија“ и заеби све! Ќе бидеш сам заебан истиот момент кога ќе помислиш дека можеш да играш поинаку. И така, дел од оние кои гореспоменато седат на чело на маса ја прифаќаат вистината и реалноста и се свесни дека Македонија може да ја има само – така! Грешам?
Македонија влегува тек у голема криза, која за среќа овој пат има поинаква платформа. За да функционираме по теркот каков ни се налага, треба да се менува од корен менталниот чип. Тоа малку тешко ќе оди. Ние освен загарантираните граници заштитени од НАТО не добиваме ама баш ништо. Пари? Ма дај не бидите наивни, кој ти дава пари за лепе очи! Никој, ама баш никој не ти дава без да земе нешто на светов.
Модернизацијата на армијата ќе оди само на нивоа кои му се потребни на НАТО! Кој ќе води војни на блиски Исток?! Вујна ми?! Кој ке биде топовско месо наместо децата на Трамп? Па твоите!! Еуфоријата мора да биде контролирана, зошто освен придобивките, никој не зборува за онаа другата страна. Ама, ај не е битно сеа, дај некако да ја спасиме државата воопшто да постои. Оваа тема бара многу елаборација.
Европска Унија?
Да! Апсолутно! Ама! Дур стигнеме ние да бидеме европјани, има да изедеме уште пет фурни леб. Преструктуирањето, реформите, промената на начинот на однесување и битисување, во адаптациониот период ќе ‘‘нѐ убијат у поим‘‘ барем две третини од народот, зашто допрва не чекаат отпуштања од работа, ‘‘европски живот со македонска плата‘‘ еден период, независно судство кое нема доживеано преобразба од времето на ‘‘кадија те тужи, кадија те суди‘‘, старо пусто турско хедонистичко секојдневие со скинати гаќи на газот, со големо и високо мислење за самите себеси незнаејќи од колкави копуци треба да станеме луѓе како што треба. Нека ни е господ на помош и нека ни даде сила.
За година дена треба да поправиме нешто што не можеме да го направиме 27 години. Криминалот ќе се заврши на ‘‘вук појео магарца‘‘, реформите ќе се направат по принципот на ‘‘добро е имате напредок‘‘ откако ќе бидат фрлени неколку ‘‘курбани‘‘ у затвор, општествениот амбиент ќе се лаже со европски пасош наместо бугарски, да не мораш да се потпишуеш Бугарин, а народот ќе мора да брои ситни евра наместо денари у џеп за кои ќе треба да плука крв за да ги заработи. Политичката карта веќе почна да се меша до нивоа на тешки небулози. Функционалноста по основ на разни антагонизми ке треба да се амортизира. Ќе треба да има дисциплина, ред и работа и само работа… Ако успееме у тоа, јас сум спремен да го изедам лаптопов на кој ја пишувам колумната. ( мала шала, де).
Националистичките реторики и дејанија ќе мора да бидат сведени на минимум исклучиво поради потврдата на податокот дека тоа е свет на слободата на мислата и говорот. Не за друго. Традиционалните, културолошките, конзервативните вредности ќе мораат да преживеат страшни цивилизациски адаптации на светот во кој најголеми шизици не се оние што ги гледаш, туку оние што – не ги гледаш! А мавтаат со пораки на љубов, „Urbi et Orbi“. Свет во кој ќе биде небитно дали зетот ти е црнец или снаата ти работела на тротоар до пред некоја година! Но, тоа е свето,… та и ние треба свет да бидеме нели.
А каква врска има насловот „Петли у паника“?!
Е, тоа е наградно прашање за оние кои оваа колумна ја читаат меѓу редови и пораките отаде екранот. Ама, ајде, пошто може и онаа бабичката од почетокот на колумната го чита ова, па ради нејзе, не за друго, да објаснам!
Ако се опраи и ако биде како што треба се у државата, отидоа „under must“ у три пизде материне барем (најмалку) две третини од политичариве!
Кому одговара тоа бре алоооо!!!!
( бабеееее,…. разбра ли ме, мајчееее!)…. глеј си јогуртот и не стој на сонце!!!