Му се преставил дека е Израелец, го измамил и побарал 5.000 евра за лекување на жена му

by Fokus

Скопјанец бил измамен од две лица, кои од него побарале пари за лекување, информираа од МВР.

Според полицијата, пред два дена во 16.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, С.А. (76) од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 11.00 до 13.30 часот на ул. „Благоја Стефковски“ две непознати лица го измамиле, при што му одзеле 5000 евра. Додека пријавителот се враќал кон својот дом, му се доближило едно лице и му се претставило дека е од Србија и направил сообраќајна незгода со еден израелец, кој барал да му плати 500 евра. По кратко време дошло друго лице и се претставило како израелец  и рекол дека жена му била во болница и дека му требале пари за да му плати на лекарот. Тој му побарал да му даде 5000 евра само да ги покаже на докторот за да ја лекува неговата жена, а после ќе извадел пари и ќе му плателе на лекарот. С.А. од банка извадил пари и му ги дал на лицето што се претставил дека е од Израел, а како гаранција му оставил три златника. Откако ги зеле парите заминале и не се вратиле, по што С.А. сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости