Збогум од „Алијанц Арена“ за Рибери, Робен и Рафиња

by Fokus

Навивачите и Баерн Минхен им се заблагодарија на Френк Рибери, Арјен Робен и Рафиња, кои ќе го напуштат клубот по завршувањето на сезоната.

Исто така, навивачите на Баерн подготвија колоритни перформанси во чест на Рибери и Робен. Претставниците на менаџментот на клубот им доделија признанија на сите тројца играчи.

За потсетување, Рибери е во Баерн од 2007 година, Робен – од 2009 година, додека Рафина игра за германскиот великан од 2011 година.

Поврзани новости