Политички скандал во Виена, Курц на тешки маки

by Fokus

Австрискиот канцелар Себастијан Курц има тешка задача да одлучи за судбината на австриската влада, по скандалот во врска со вицеканцеларот и претседател на Слободарската партија, Хајнц Кристијан Штрахе, кој веќе поднесе оставка од сите политички функции.

Оставката следува по објавувањето на видео-запис од 2017 година, на кој се гледа како Штрахе, на наводна внука на руски милијардер и нуди државни работи за финансиска помош на неговата партија.

Курц ќе има конечно прес-конференцијата во 19:45. Австрискиот канцелар во моментов е под голем притисок од јавноста во земјата, но и од меѓународната заедница.

Пред седиштето на австриската влада, каде Курц се наоѓа од утринава, за предвремени избори протестираат околу 20.000 луѓе.

Медиумите од Австрија информираат дека тој добил многу телефонски повици од колеги од странство, а австрискиот претседател ќе се обрати на јавноста во 20.35 часот.

Поврзани новости