ЗБОГУМ И ПРОСТИ МОЈ РОДЕН КРАЈ

by fokus

Голема распродажба на живо месо! Се продаваат луѓе! Звучи сурово и одвратно? Канибалистички? Не! Само сурово реално. Не се работи за месо за на скара. Се работи за луѓе кои се растрчани да се продадат што подобро пред изборите. Својот кредибилитет избушен како кеса од која тече вода од дупчињата додека внатре рипчето си ја кажува последната молитва.

пишува Агим Јонуз

И покрај ‘’ идеалната комбинаторика’’  по преговорите на последното ‘’Пржино’’ , дури и најголемите скептици имаат резерва за тоа што ке се случи ако се случи. Сите во залет за избори.  А, ако нешто тргне наопаку,  ако ги нема, се ќе започне од почеток.

Улица, свирчиња, мајки, шајки и клетви. Совршено функционалниот ПР на власта секако повторно ќе успее да ја убеди сопствената гласачка маса дека тоа е ‘’ за нивно добро’’, а тие повторно ќе викаат ‘’ќути,  триста евра месечно, си се триста евра, а ич?‘’!

Преполн  микро свет со ‘’пушачи’’ со лигуши, со бели мајмуни кои се продаваат за три гроша. ‘’ Пуши кој кому стигне’’! Нема алтернатива за оваа фраза,… не ме потсеќајте дека е простаачка.  Оние кои имаат обезбедено  и себе и деца и внуци, никогаш не гледале во по полна тезга на човечки евтин јад. Ситуацијата е исто како кога ќе откриеш легло на глувци,.. и тие се растрчуваат лево-десно за да спасат гола кожа.

Но, зошто да се лажеме, одсекогаш било така, ама не било толку транспарентно, башка толку театрално трагикомедијално. И најголемите шизици кои викаа на улица ‘’не бе!,.. оваа власт не проаѓа, па имало немало избори’’.  И си ги сместија газовите во автобусот наречен гласачки список.

Ма кој ја еб…а ‘’Шарена Револуција’’? Што беше тоа?! Најголем дел од оние на улица останаа со едниот прст како дете во уста,.. а со другиот ( sorry)  в’ газ. Ако земеме во предвид  дека Македонија е мала земја со етаблиран свет на новинари, професори, јавни личности и се некакви фаци, а сите на некој начин имаат ‘’опашка’’ во вид на некакви поголеми или помали афери, хипотеки, тогаш колку ли време би требало државата да биде доведена во ред.

Да видиме нови ликови, нови свежи идеи и една плејада на ликови кои полека ама сигурно ќе ја враќаат свежината. Тоа подразбира враќање на довербата во сите пори на општеството,  а за тоа е потребно време. А, на тоа се поставува една народна досетка  „а бе, а што ќе јадеме у меѓувреме бе’’!? Во смисла, кој ќе ја донесе таа нова претстава пред завестите на државата.

И едните и другите и третите се свесни дека ситуацијата е толку непоправлива, што ќе треба да се деси чудо невидено за да заживее надежта. За ‘’бољи живот’’ тек отпосле ќе правиме муабет. Ниту една влада не може да и донесе бољи живот во наредните неколку години затоа што прво ќе треба да ја вади државата од лајната во која се наоѓа, па тек ‘’отом-потом’’.

СИТЕ ГО БАРААТ БАЛВАНОТ ВО РЕКАТА КОЈА НОСИ СЕ ПРЕД СЕБЕ ЗА ДА СЕ ФАТАТ ЗА НЕГО

Народот гази бос по трње ама не вриска туку се обидува да изгледа насмејан затоа што не сака да даде никому повод за ситење, за реваншизми, за подсмев, за иронија од соседот кога ќе го сретне насабајле. А, сите потајно се во потрага по некаков  чадор во време ‘’пред  дождот’’.

Секој му се упикува на оној за кого смета дека му е арно, само што не вриска ‘’ усвој ме, јас сум промашен човек’’. Барам татко на стари години! Оној мојот татко ‘’не ме среди на време’’,  па еве, ќе ти бидам ‘’момок ‘’ само да одхранам фамилија.

Еве, ако ти треба пион за партија шах, прифаќам да бидам се што треба. И пион и шпион ако треба. Спаси ме. Некаде од ќошето по кафичите се слуша „Бијело Дугме“ со својата легендарна  ‘’… пристао сам бичу све што хоче, ево, продајем душу врагу своме’’… Стана дегутантно да резимираме колку човечка беда шета по улиците на Македонија.

И ТАКА, СИНТАГМАТА ‘’ У ТУЏЕГА ТАТКА ВЕЧА ЈЕ ПАТКА’’ ДОЖИВУВА РЕНЕСАНСА

Никогаш не било така мелодраматично  мегапатриотски повикувано ‘’за Македонијаааа’’. Што за Македонија бе?!? Голтање кнедли? Живеење во ритмот на комитското оро кое завршува ако се сеќавате со до еден загинат, самоубиен за да не се предаде на Турците? Во духот на смрадежот на сопственото лицемерие пред огледалото на историјата?

Кој кому верува? Никој никому! Зошто! Е, тоа ниту историјата ниту колумнава ќе го дефинира. Цркните душмани! Ние сме си тие што сме си, вие не мора да нѐ бендисуете, ние самите себеси си се обожаваме. Секојдневно доживуваме ерекција кога се гледаме во огледало.

Пардон, го обожаваме секој оној со кого можеме да градиме Потемкинови истории. А, дал Господ. Не е тој виновен што сивата маса што му ја подарил на човекот му служи колку за пополнување на черепот. Одвнатре убаво измиен и стерилизиран.

СОНЦЕТО НАД МАКЕДОНИЈА Сѐ ПОВЕЌЕ ПЕЧЕ ОДКОЛКУ ШТО ТОПЛИ

Секој еден Македонец сече вени на пијано кога ќе му ја пуштат онаа ‘’збогум и прости мој роден крај, в туѓина одам, оставам рај’’ од Јонче Христовски. Па, редно е некој некогаш да праша онака ‘’ ачик’’ ,.. кој кур ( пардон) се збогуваш ако оставаш рај?!? Каков рај? Кој рај! Кому го оставаш? До кога ќе бегаш? До кога ќе оставаш рај!?

Ова прашање ќе остане вечно отворено, многу веројатно поради податокот кој вели дека барем досега низ историјата најголемите патриоти го сакале својот роден крај ‘’издалека’’, па барале орелски крилја за да прелетнат да видат Охрид, Струга да видат! ХВАЛИ МОРЕ ДРЖ’ СЕ КОПНА!?!  ФУКАРА СМЕ У ГЕН!!!

Од гурбетчиски народ и менталитет што очекуваш? Зошто воопшто постои историјата на гурбетчиство? Набројте ми десетмина што се вратиле! Да, дошле, се намрштиле и ‘’гитла назад у туѓина’’. Сите што дојдоа си отидоа со саркастичен осмех кој вика ‘’тибам’  и држава и матер и се’’. Но, има и една друга песна од легендарниот Никола Бадев која вели ‘’не плачи мило либе,  не жали, јас пак ќе се вратам’’! Ќе се вратиш, жими такво. ‘’Кад прдне мртав’’ викаат Србите.

А ВЛАСТА СИ ПЕЕ ЛИ ПЕЕ ‘’ СИТЕ СПИЈАТ, А НИЕ СМЕ САМИ, КОРИСТИ ЛИБЕ ТИ МЕНЕ’’….

Но, како и обично, за да не се истакнуваме како аналитички шарлатани, ајде да ја погледнеме стварноста во очи и да поставиме неколку прашања.  Дали сиот нормален свет во Р. Македонија ќе треба да сфати дефинитивно дека државата и да сака не може да ја спаси ако веднаш и тектонски не преземе некакви чекори. Јас воопшто не подразбирам под ‘’тектонски’’ насилни решенија или улица по која ќе има реки крв. С краја да е, но ако земеме во предвид дека аналитиките велат дека многу бргу после овие избори нѝ чакаат други, па дури и парламентарни, дали тоа значи дека овој естаблишмент има да го д..и у мозак народов уште ‘’ехеее’’ колку сакаш.

Се создава енормно големо поле за манипулација и онаквење у мозак на народот, кој до толку ќе се зашемети со кампањата, што сите суштински прашања за тоа кој крадел, кој лажел, кој бил патриот, кој не, кој мочал накриво под некоја крушка … се, се ќе се фрли под тепих! А сите оние кои повеќе од година дена урлаа по улици, а се убутаа у избирачките списоци на опозицијата преку ноќ, ќе станат само апаратчици за гласање у собрание заборавајќи дека огромна маса на улица сеуште чека одговор на обично прашање:

КОЈ ЌЕ ЈА ПЛАТИ СМЕТКАТА ЗА ЛАЈНАТА У КОЈА СЕ НАОЃАМЕ!?!

И,  ДАЛИ ВООПШТО!

ДА БЕ,… ЖИМИ ТАКВО! ТЕПАНИОТ ТЕПАН,  ЕБ…ОТ Е..Н,… ПО ИЗБОРИ НОВ ДЕН,.. НОВ К’СМЕТ!

Поврзани новости