Раул Кастро денеска соопшти дека се повлекува од политиката и од функцијата генерален секретар на Комунистичката партија на Куба, наведувајќи дека раководството на партијата ќе го предаде на помладата генерација, која, како што истакна, е „полна со страст и антиимперијалистички дух“.
Во својот говор на отворањето на четиридневниот конгрес, Кастро рекол дека со задоволство го предава раководството на партијата на група соборци кои имаат повеќедецениско партиско искуство. Воедно, тој истакнал дека се повлекува со чувство дека „ја исполнил својата мисија и е уверен во иднината на татковината“.
Повлекувањето на 89-годишниот Раул Кастро претставува крај на шестдецениската ера во која Куба ја водеа тој или неговиот брат Фидел, која почна во 1959 година.