По САД, и Велика Британија препорача бремените жени да се вакцинираат со „Фајзер“ или „Модерна“

by Fokus 08:34
08:34

Бремените жени во Велика Британија треба да се вакцинираат против ковид-19 со вакцините на „Фајзер“ или „Модерна“ затоа што сега има повеќе податоци кои укажуваат дека се безбедни, соопштило британското советодавно тело за вакцинирање.

Комитетот за вакцинација и имунизација соопштил дека околу 90 000 бремени жени во САД биле вакцинирани, претежно со овие две вакцини, и оти тоа не предизвикало никакви проблеми кај нив.

- Advertisements -

-Врз основа на овие податоци, нашата препорака за бремените жени во Велика Британија е да им се даваат вакцини на Фајзер или Модерна, пишува во соопштението на Комитетот.
За останатите вакцини, се нагласува, нема докази дека се небезбедни, но потребни се дополнителни испитувања.

Досегашната препорака во Велика Британија беше бремените жени да не се вакцинираат бидејќи нема доволно информации за влијанието на вакцините кај нив.

Пред два дена, иста препорака имаше и во САД, но таа следуваше откако центрите за контрола и превенција на болеста препорачаа прекин на аплицирање на вакцината „Џонсон и Џонсон“ поради можно згрутчување на крвта.

Поврзани новости