104
Началникот на националната полиција на Еквадор изјави дека се уапсени сите вооружени напаѓачи кои упаднаа во ТВ студиото за време на пренос во живо и им се закануваа на вработените дека ќе ги убијат.
Полицискиот командант Цезар Запата изјави дека полицајците заплениле оружје и експлозиви кои маскираните напаѓачи ги имале со себе. Тој не кажа колку лица се уапсени.
CAPTURADOS
Como resultado de la intervención en @tctelevision #GYE, nuestras unidades policiales hasta el momento logran la aprehensión de varios sujetos e indicios vinculados al ilícito.
Posterior más detalles… pic.twitter.com/tPq7FfaGcM
— Policía Ecuador (@PoliciaEcuador) January 9, 2024
„Ова е чин што треба да се смета за терористички акт“, рече Запата.