Заврши во притвор 61-годишен битолчанец кој се самозадоволувал пред две девојчиња

by Fokus

Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Ц.М.(61) од с.Црнобуки, битолско, поради основано на сомнение дека сторил кривично дело по чл. 190 од Кривичниот законик, односно задоволување на полови страсти пред друг .

Тој се сомничи дека на 11.04.2023 се самозадоволувал на јавно место во селото, пред малолетни лица.

Како што соопшти Обвинителството, основаното сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело произлегува од обезбедените докази, вклучително и вербални искази на две девојчиња на возраст под 14 години, пред кои осомничениот преземал дејствија на полово задоволување на јавно место во повеќе наврати.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор.

 

Поврзани новости