Два милиони евра годишно не чинат членовите на управни и надзорни одбори

by Fokus

Два милиони евра годишно го чинат буџетот хонорарите кои се исплаќаат на членовите на управни и надзорни одбори, велат од Центарот за управување со промени. Според истражувањето на Центарот, во државава има 423 институции кои имаат управни и надзорни одбори.

Од тоа дали членовите земаат фиксен паушал или дневница по седница, зависи и колку често одржуваат седници.

-Онаму кадешто има надомест по седница, бројот на седници е значително поголем, а бројот на точки е значително помал од онаму кадешто овие функции земаат паушал, вели извршната директорка на ЦУП, Неда Малеска Сачмароска.

Истражувањето открива дека членовите на Управните и Надзорните одбори не сакаат да откријат со каков имот располагаат. Дури 80% од функционерите во државата кои не поднеле Анкетни листови се токму членови на вакви одбори.

Освен тоа истражувачите нотираат дека 39 отсто од јавните институции ги водат в.д. директори, или „вршители на должност“. Голем дел од нив не можат да бидат назначени за директори бидејќи не ги исполнуваат критериумите во делот на образованието. 61 отсто од назначените директори се со целосна функција.

Поврзани новости