Заврши вештачењето на мобилниот телефон на Коста, истражувал дали може да избегне затвор

by Fokus

13-годишниот К.К, момчето кое пред два дена во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби осум свои врсници и училишниот чувар Драган Влаховиќ, а рани седум лица, до детаљ го испланирал масовното убиство, а истражувал и како да избегне затвор, покажало вештачењето на неговиот телефон, објави Блиц.

Како што е утврдено, 13-годишникот еден месец го планирал масовното убиство, а она што е утврдено преку неговиот телефон е дека непосредно пред злосторството на интернет го пребарувал кривичниот закон на Србија за да истражи дали деца можат кривично да одговараат.

„Врз основа на истрагата се заклучува дека нападот на училиштето го организирал сега бидејќи знаел дека до 14-от роденден му остануваат нешто повеќе од два месеци и дека му останувало уште толку време да биде кривично неодговорен ако го изврши злосторството“, кажал за Блиц извор запознаен со случајот.

Исто така е утврдено дека К.К. ноќта пред масовното убиство гледал американски филм за масакр во училиште во САД.

Поврзани новости