520
Во 18 часот заврши денешното 18. продолжение на конститутивната седница на Собранието и повторно немаше напредок во однос на избор на претседател на Комисијата за избори и именувања, ниту за избор на собраниски спикер.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжија како и досега да си реплицираат меѓусебно, а место точката на дневен ред, главна тема беше албанската платформа.
Максим Димитриевски од СДСМ забележа дека свесно се блокира работата на Собранието, а со тоа и процесите во државата и побара да се овозможи мирен трансфер на власта.
Според Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ политичката криза ја предизвикала СДСМ и според него лидерот на СДСМ Зоран Заев треба да одговори што прифатил со тиранската платформа.