Николовски: Секој ден е можен избор на претседател на Собранието

by fokus

Секој ден е можен избор на спикер на Собранието, рече денеска Љупчо Николовски од СДСМ на прес конференција одговарајќи на новинарско прашање.

-Спикерот на Собранието ќе ги распише локланите избори и ќе го отвори патот за избор на нова реформска Влада, одговори Николовски.

Што се однесува до можна лидерска средба, Николовски рече дека одблокирањето на Собранието ќе го направи мнозинството во Парламентот, а граѓаните после изборите на 11 декември кои беа резултат на договорот од Пржино и на целиот тој процес во изминатиот период дадоа мандат на нова реформска и демократска Влада.

Поврзани новости