Заврши распитот на Кочан и Авировиќ, се чека Судот дали ќе прифати притвор

by fokus

Бизнисмените Сеад Кочан сопственикот на „Транс мет“ и Василије Авировиќ, овластен потписник на „Силекс неметали СТ“,  по неколкучасовен распит го напуштија Кривичниот суд, без да дадат изјава за медиумите.

И двајцата, заедно со управителот од фирмата „Вато“ се главни осомничени во новиот случај „Труст” на Специјалното јавно обвинителство. Во него се сомничат дека со фалсификувани документи добиле тендер од 17 милиони евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол.

СЈО побара притвор за Кочан и Авировиќ, а судот по распитот треба да се изјасни за барањето.  Доколку Судот не ги прифати мерките, СЈО има право да се жали во рок од 24 часа до Кривичниот совет на Судот.

Поврзани новости