Иницијатива за демократизација на ВМРО – ДПМНЕ: Не користат како топовско месо, а партијата е украдена и злоупотребена!

by fokus 17:38
17:38

Постои опасност нашата партија да биде изолирана и екскомуницирана, да биде исклучена од сите меѓународни сестрински и пријателски организации и форуми. Да биде обележана и стигматизирана од СИТЕ, се вели во писмена реакција на таканаречена Внатрешна иницијатива за модернизација и демократизација на ВМРО ДПМНЕ “ демократска ВМРО за демократска Македонија “ која попладнево испрати соопштение до јавноста во кое вели:

„После вчерашниот говор на Претседателот Иванов, влеговме во графата на „недемократска партија“. Нашите сестрински партии се од држави кои се членки на ЕУ, наши докажани пријатели па неприфатливо е ВМРО ДПМНЕ да води анти НАТО и анти ЕУ политики.Со фактот дека нашето раководство ја прифати платформата и започна преговори со ДУИ, а претседателот Иванов го даде мандатот за формирање на влада, кога не беше постигнат договор само заради темата СЈО, стана јасно дека сме биле изманипулирани. Станува јасно, дека раководството се грижи единствено за себе, и воопшто не им е важна иднината на партијата. Нашата партија е украдена и злоупотребена, а со тоа и нашите чест и углед. Не заслужуваме да бидеме поистоветувани со тие луѓе. Зошто еден ден да се срамиме затоа што сме учествувале во овој циркус? Погледнете се меѓу себе и одговорете си – КОЈ од раководството е избран од ВАС? Кој лично ја заслужи вашата доверба да ве води? НИКОЈ!“, се вели во соопштението кое го пренесуваме во продолжение:

„Нас, лојалните членови не користат како барикади и топовско месо… Кажете кој од нив го избравте ВИЕ? Не гледате ли дека најголем дел од напрчената „партиска елита“ во чесна постапка не би поминала на избори ниту во КИМ. Со вчерашното обраќање на Претседателот Иванов ги видовме последиците од султанскиот модел на управување. Ваквиот себичен однос кон партијата и кон државата, води директно токму кон тоа од кое божем ја браниме татковината – меѓусебно изолирање и затварање на населението во кантони, табори по етничка основа, федерализација и конечно растурање на Република Македонија. Зарем ќе прифатиме токму ние, членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои живеевме со идејата за силна и напредна, обединета и Европска Македонија, да бидеме одговорни за нејзиното уништување?“, нагласува Иницијативата за демократизација на ВМРО – ДПМНЕ.

Ако сите ние, чесните членови, заедно и сплотени, сите заеднички се ислушаме меѓусебно и ги донесеме вистинските одлуки врз база на наш меѓусебен договор, ќе ги спасиме и државата и партијата. Повторно ВМРО ДПМНЕ ќе биде нашата гордост!

Платформата за демократизација на ВМРО ДПМНЕ, како што се вели, нуди решенија преку кои партијата ќе се реформира во пример за демократизирана партија во Република Македонија.

 

Поврзани новости