Заврши првиот ден од амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023 година во Комисијата за финансирање и буџет. Дебатата продолжува во петок.
Во попладневниот дел од расправата не беше прифатен амандманот поднесен од опозицијата за одложување на примената на прогресивното оданочување.
Заменик-министерот за финансии Филип Николоски посочи дека во Предлог-концептот за даночни реформи, кој поминал низ јавна дебата, во ниту еден момент не станало збор за зголемување на даноците.
– Ниту данокот на личен доход ќе се зголеми, ниту данокот на добивка ќе се зголеми, ниту данокот на додадена вредност, подвлече Николоски.
Опозицијата преку амандман побара и намалување на акцизата за течни горива за 50 проценти. Според Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ, со прифаќањето на овој амандман ќе му се помогне на стопанството, особено на транспортните компании.
Во текот на денешниот ден не беше прифатен и амандманот од опозицијата со кои се бараше намалување на данок на додадена вредностод 18 на 5 проценти за производите за менструално здравје.
Амандманската расправа за Предлог-буџетот трае седум дена по што тој треба да се најде на пленарна седница.