Заврши протестот против францускиот предлог, утре на четири места блокади

by Fokus

Пред Собранието вечерва заврши шестиот по ред протест против францускиот предлог за деблокада на евроинтеграциите на државава, којшто помина мирно и без инциденти. Активностите продолжуваат утре со блокади низ државата, а протест повторно е најавен за в недела во 19 часот.

На почетокот на протестот што почна со собир пред Владата претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порача дека дека нема да поддржат какви било уставни измени.

– Македонската јавност да биде сигурна дека што и да се случува понатаму со ова национално предавство и катастрофа која што ја подготвува Владата на СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот тоа нема да го прифати,  изјави Мицкоски.

Потоа, учесниците продолжија со марш кон Министерството за правда, каде што пред полицајците симболично положија бели ружи и повикаа на оставка.

Оставка се бараше и пред Собранието каде што учесниците, придружени со патриотски песни извикуваа „НЕ“.

„Ултиматум – Не Благодарам“ утре продолжува со блокади.

– На четири места, во Скопје пред Владата, како и блокирање на магистралните патишта Штип Велес, Струмица Радовиш и Плетвар Прилеп, стои во нивното соопштение.

Во сабота, како што наведуваат, во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник ќе нема протести.

– Продолжуваме масовно со протестирање во Скопје, недела во 19 часот пред Влада, посочуваат оттаму.

Поврзани новости