Заврши пребројувањето, Додик и официјално е претседател

by Фокус

Заврши пребројувањето на гласовите за претседател и потпретседатели на Република Српска, по што беше утврдено дека најмногу гласови добил кандидатот на СНСД, Милорад Додик, рече Вања Бјелица-Прутина на седницата на Централната изборна комисија.

Во претходниот период беа преброени гласовите од повеќе од 2.000 избирачки места за ниво на претседател на РС, при што беа констатирани различни неправилности, како погрешно пакување гласачки ливчиња и вреќи, недостиг на вреќи, фалсификувани гласачки ливчиња и слично. За сите неправилности е известено Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Опозицијата од Република Српска побара пребројување на гласовите поради сомневање за изборна кражба и верување дека нивниот кандидат Јелена Тривиќ е победник на изборите.

Поврзани новости