Заврши постапката за трет мобилен оператор: „4iG“ единствен со понуда, АЕК ќе носи одлука после избори

by irena 12:58
12:58

Агенцијата за електронски комуникации соопшти дека е окончена процедурата по јавниот конкурс за доделување радиофреквенции за трет мобилен оператор во земјата, на кој единствен кандидат беше „Оне Македонија телекомуникации“, во сопственост на унгарската компанија „Фор-ај-џи“.

По донесувањето на решението за завршување на постапката, директорот на АЕК, по завршувањето на Локалните избори закажани за 19-ти наредниот месец, треба да донесе одлука за избор на најсоодветен понудувач.

Во Одлуката објавена од АЕК на нивната интернет страница, се наведува дека согласно член 138 став 2 од Законот за електронски комуникации, Комисијата за спроведување на јавен тендер со јавно наддавање за радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.х GHz состави Записник за постапката на отворање на понуди по Јавен тендер со јавно наддавање со архивски број 0201-1103/24 од 22.08.2025 година и врз основа на член 139 став 3 од Законот за електронските комуникации, достави Извештај од извршено разгледување на понуди со архивски број 0201-1103/26 од 27.8.2025 до директорот.

„Имајќи предвид дека со Извештајот од извршено разгледување на понуди од Комисијата за спроведување на јавен тендер со јавно наддавање за радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.х GHz број 0201-1103/26 од 27.08.2025 година е утврдено дека се јави само еден понудувач, согласно член 140 став 4 од Законот за електронските комуникации, директорот донесе Одлука дека постапката по Јавниот тендер со јавно наддавање е завршена“, се вели во Одлуката.

 

Слични вести