Заврши мандатот на пржинските министри

by fokus

Со денешното подигање на уверенијата за пратенички мандати од ДИК , министрите на опизцијата и дополнителните заменици се разрешени, а од утре ќе се направат примопредавања на кабинетите.

Министерската функција во МВР од Оливер Спасовски ја превзема Агим Нухиу од ДУИ, а  од  Фросина Ременски – Ибрахим Ибрахими. Без функција остануваат и Оливер Андонов, Диме Спасов и Кире Наумов како дополнителни замнеици министри.

На овој начин завршува делот од Пржинскот договор кој се однесуваше на техничката влада, која имаше за цел да обезбеди услови за фер и деократски избори.

Поврзани новости