552
Заврши и денешното продолжение на седницата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски. Продолжението на седницата, спикерот Талат Џафери дополнително ќе го закаже.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека ќе ја напуштат седницата бидејќи според ставот на Антикорупциска комисија Зврлевски не може да биде разрешен.
Според Џафери, Антикорупциска нелегално дала мислење, бидејќи тој тоа не го побарал од неа. Џафери рече дека институција која ја избрало Собранието не може да врши контрола врз неговото работење.