519
Завршена е идентификацијата на телата на загинатите во несреќата со урнатиот италијански „пајпер“. Од Институтот за судска медицина потврдија дека се работи за лицата чии идентитет веќе беше објавен.
Според процедурите, земен е ДНК материјал од роднините кој бил спореден со жртвите, бидејќи телата имале многу механички повреди од падот на авионот. Претходната вечер, судска медицина ја заврши и обдукцијата на починатите во авионската несреќа кај Кожле, со што нивната работа е завршена, документите се предадени на семејствата, а резултатите на Обвинителството.
Во процедура е подготвување на транспортот на телата на петмината италијански државјани во нивната татковина, а шестиот загинат ќе биде погребан во родното Косово.