Затворска казна за тие што ќе се закануваат на новинари и преку социјални мрежи

by Fokus

Приоритет на Министерството за правда е создавање најдобри можни услови во однос на слободата на говор и непречено работење на новинарите и медиумските работници, истакнал министерот за правда Бојан Маричиќ на дискусијата за заштита на новинарите организирана од Шведската амбасада.

– Со моето доаѓање на позицијата министер за правда започнавме интензивно да работиме на измени на Кривичниот законик со цел поголема заштита на новинарите. Измените се веќе готови и се во Владина процедура. Најважно е што во иднина нападот на врз новинар или медиумски работник ќе се казнува како и напад врз службено лице. За тоа предвидени се и затворски казни до три години. Дополнително со казна затвор може да се казни и некој што се заканува на новинари, без разлика на кој начин е испратена заканата, односно дали е лична, преку интернет и слично. Закана е закана, посочи Маричиќ.

 

Поврзани новости